Home Актуелно Савески: Во овој момент Македонија е енергетски сиромашна земја, а луѓето си се расфрлаат со струја

Савески: Во овој момент Македонија е енергетски сиромашна земја, а луѓето си се расфрлаат со струја

Во овој момент Македонија е енергетски сиромашна земја. Факт кој одбиваат да го погледнат и политичарите и обичните луѓе. Па за енергетска сиромаштија се зборува само во контекст на сиромашните луѓе кај нас.

Нема производство на доволно енергија за да се задоволи постојниот енергетски интензивен живот. Па се увезува струја се’ повеќе и повеќе. А тоа не’ потонува во долгови се’ повеќе и повеќе.

Ама, тоа си се зема како даден факт. Нема помрднување ниту кај луѓето ниту кај политичарите. Па си трошат струја како да ја има нејзе во изобилство и наводните патриоти (кои ногу ја сакет татковината, нели), а и многу екологисти (не прашувајќи од каде доаѓа таа енергија со која се расфрлаат).

А нема ни притисок за системско решавање на проблемот. Нужни се големи инвестиции во обновливи извори на енергија. Меѓу другото да ја затвориме економската дупка со огромното фрлање пари за купување енергија во странство. Ама, каде пари за тоа? Па, кога имаме политичари кои си го гледаат само личниот интерес и луѓе кои упорно одбиваат да видат подалеку од дневната политика, кога во Македонија на прсти можат да се избројат луѓето што знаат што е климатскиот долг на богатите кон сиромашните земји – ние предалеку сме од дискусијата за парите.

(Фејсбук статус на Здравко Савески)

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…