Home Актуелно 80 години од јапонскиот напад на Перл Харбор – трагичниот настан после кој САД влезе во Втората светска војна

80 години од јапонскиот напад на Перл Харбор – трагичниот настан после кој САД влезе во Втората светска војна

На денешен ден во 1941 година Јапонија без објава на војна ја нападна американската поморска база во Перл Харбур на Хаваите, а неколку часа подоцна американскиот претседател Френклин Рузвелт објави дека земјата влегла во Втората светска војна.

Во нападот и беа нанесени огромни загуби на американската морнарица и Јапонија стекна голема предност во првата фаза од војната на Пацификот. Потопени биле речиси сите воени бродови на САД во тој дел на светот, освен носачите на авиони кои тој ден биле на отворено море. На земја биле уништени 178 авиони, загинале 3.303 војници, од кои 2.390 Американци, а 1.272 биле повредени.

Во Перл Харбур синоќа беше одржана свечена комеморација во сеќавање на 58 војници кои загинале на воениот брод Ју-Ес-Ес Јута, бродот кој прв бил погоден во нападот.

За денеска се предвидени уште неколку настани со кои ќе се одбележи 80-годишнината од нападот врз Перл Харбур.

Јапонија на 2 септември 1945 година потпиша капитулација, откако САД фрлија атомска бомба врз Хирошима и Нагасаки во август, при што загинаа стотици илјади цивили. Со капитулацијата на Јапонија заврши Втората светска војна.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…