Home Актуелно Министерот Бектеши најави замрзнување на ценита на прехранбените производи во Македонија

Министерот Бектеши најави замрзнување на ценита на прехранбените производи во Македонија

Владата наскоро ќе ги замрзне продажните цени на основните прехранбени производи во Македонија, пред сѐ  – брашно, шеќер, ориз, маслото за готвење, а можеби и на месото.

Ова го најави министерот за економија Крешник Бектеши во интервју за емисијата „Трилинг“ на ТВ 24, која ќе се емитува вечерва.

Ваква одлука на 30 ноември веќе донесе соседна Србија.

Одлуката, која ќе се применува за период од 60 дена, предвидува и производителите да не смеат да ги испорачуваат овие производи во количини помали од просекот во последните 12 месеци.

За непочитување на наведените одредби предвидени се парични казни во износ од 100 000 до два милиони динари, како и забрана за вршење дејност во период од шест месеци до една година.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…