Home Актуелно Во Бугарија идентификувани сите 45 тела на загинатите лица во трагедијата со изгорениот автобус

Во Бугарија идентификувани сите 45 тела на загинатите лица во трагедијата со изгорениот автобус

Заменик-главниот обвинител и директор на Националната истражна служба Борислав Сарафов за БТА изјави дека веќе се идентификувани сите 45 жртви на автобусот што се запали на автопатот Струма. Нивната идентификација е направена со ДНК профили.

Во раните утрински часови на 23 ноември на автопатот кај селото Боснек, автобус со скопски таблички кој сообраќаше од Турција кон Македонија излета и се запали.

Вчера, со указ на јавниот обвинител, дадено е одобрение посмртните останки на жртвите да им бидат предадени на претставници на Владата на Македонија за транспорт и трансфер на нивните роднини, рече Сарафов.

Бугарската влада ќе помогне во транспортот со обезбедување на воен авион.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…