Home Актуелно При дополнителен преглед, бугарските истражни тимови пронашле уште едно, 45-то изгорено тело од дете во автобусот

При дополнителен преглед, бугарските истражни тимови пронашле уште едно, 45-то изгорено тело од дете во автобусот

Заменик-главниот обвинител и шеф на Националната истражна служба Борислав Сарафов, потврди дека е пронајдено уште едно тело при дополнителен преглед на автобусот кој изгоре на магистралниот пат „Струма“ во Бугарија. Станува збор за дете.

Веста за бугарска НОВА ја потврди и портпаролката на главниот обвинител Сијка Милева.

– За жал, мистеријата е решена. Пронајдено е 45-то тело. На увид се пронајдени останки од дете. Нема спасени осум патници. Во 21.15 часот во трагичната ноќ преку „Капитан Андреево“ влегле 52 патници, 45 тела биле пронајдени во автобусот, седуммина се во Пирогов, за жал нема спасен – рече тој.

Сарафов рече и дека истражителот и обвинителот се упатени во Скопје и ќе останат таму најдоцна до недела. Мора да ја донесат документацијата поврзана со запалениот автобус и ДНК анализите на роднините на загинатите. Веднаш потоа ќе започне идентификацијата на жртвите од инцидентот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…