Home Актуелно Одбиено барањето за нов притвор на Миле Јанакиески

Одбиено барањето за нов притвор на Миле Јанакиески

Кривичниот совет при Основниот Кривичен суд Скопје денеска попладне соопшти дека предлогот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерка притвор за Миле Јанакиески е одбиен како неоснован.

Апелацискиот суд Скопје со решение КЖ 605/21 минатата недела на 18 ноември на Јанакиески му ја укина мерката куќен притвор, определена за предметот КОК 53/17 во јавноста познат како „ТНТ“ и му определи мерки за претпазливост.

„Обвинителството денеска поднесе предлогот за определување мерка притвор за предметот со КОК 2/20 поврзан со настаните од 27 – ми април, а Кривичниот совет, при одлучувањето, ја имаше во предвид одлуката на второстепниот а воедно смета и дека во новиот предлог не беа понудени доволно аргументи кои ќе го поткрепат определувањето на построги мерки од они кои веќе опстојуваат против обвинетиот. Против ова решение странките имаат право на жалба пред Апеалциониот суд во рок од 3 дена по приемот на решението“, се вели во соопштението од Кривичниот суд објавено вечерва.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…