Home Шоубизнис На 68-годишна возраст почина пејачката Мерима Његомир

На 68-годишна возраст почина пејачката Мерима Његомир

По кратко боледување, на 68-годишна возраст почина екс-југословенската легендарна фолк пејачка Мерима Његомир. Таа неодамна открила дека се бори со ракот.

Пред неколку дена српските медиуми објавија дека пејачката не се чувствува добро.

Оваа информација за Pink.rs низ солзи ја потврди нејзината ќерка Љубица. „Така е“, кратко рекла таа.

Снимила повеќе од 25 албуми и испеала некои од безвременските хитови како „Иванови корита“, „Ружо моја“, „Због тебе“ и многу други.

Песната „Иванови корита“, која Мерима ја сними во 2001 година на крајно тивок и ненаметлив начин, стана голем хит, што е многу необично. Иако пејачката продолжила да снима песни и албуми, по таа 2001 година, ниту една од песните не успеа да ја надмине популарноста на „Иванови корита“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …