Ајмо пари „бесплатно“ (снимка)


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


На автопат во близина на Сан Диего настана вистинско лудило и хаос, кога од блиндиран камион испаднаа вреќи со пари.

Другите возачи ги запреле возилата и трчале да соберат што повеќе банкноти. Имало и тепачки и апсења.

На видеата објавени на социјалните мрежи се гледаат пари расфрлани на двете ленти на автопатот во областа Калифорнија, како и бројни запрени возила.

Луѓето трчаат по патот, недалеку од Сан Диего, за да можат да соберат што повеќе пари.

Некои од нив одлично се забавувале, фрлајќи купишта пари преку глава.

„Ова е најлудото нешто што сум го видела“, вели инфлуенсерката Деми Багбиона во видеото кое го објави на својот Инстаграм профил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DEMI BAGBY (@demibagby)

Во меѓувреме, полицијата соопштила дека поради некоја причина се отворила вратата од блиндираното возило, поради што вреќите со готовина испаднале на патот.

Како што е соопштено, банкнотите биле меѓу еден и 20 долари, пренесува San Diego Union Tribune.

Досега се уапсени две лица, а полицијата ги повикува граѓаните да ги вратат парите што ги зеле.

Според локалните медиуми, околу десет лица веќе ги вратиле парите, а се работи за големи количини.