Home Наука и техонологија Твитер „киксна“ во САД, Велика Британија и уште неколку земји

Твитер „киксна“ во САД, Велика Британија и уште неколку земји

Социјалната платформа Твитер „падна“ и не функционираше во некои земји, па илјадници корисници низ целиот свет пријавуваа проблеми што ги имаат кога се најавуваат на својот профил преку веб-страница или апликација.

Проблемите почнале синоќа околу 18.50 часот, а ги почувствувале корисници од САД, Велика Британија, Нов Зеланд и некои други земји, според Даун детектор.

Повеќето прекини се чини дека се појавиле во големите градови, главно Њујорк и Вашингтон.

Засега не е познато што го предизвикало падот на социјалната мрежа.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Туморот престанал да се развива кај сите вакцинирани пациенти – BioNTech претстави лек против рак

Германската компанија Biontech (BioNTech) во моментов ги зголемува надежите во борбата про…