Home Актуелно Електронските цигари во Англија најверојатно ќе се препишуваат со рецепт

Електронските цигари во Англија најверојатно ќе се препишуваат со рецепт

Националната здравствена служба на Англија (НХС) наскоро може да почне да препишува рецепти за електронски цигари, како средство за помош на луѓето кои сакаат да престанат да пушат. Агенцијата за лекови ги повика производителите да достават производи за испитување и одобрување.

Доколку се спроведе овој план, Англија ќе стане првата земја во светот која ќе препишува електронски цигари како здравствен производ, јави Би-би-си. Претходните години имаше јавна расправа за тоа дали е-цигарите треба да се користат во борбата против пушењето.

Се проценува дека околу 3,6 милиони луѓе во Англија користат е-цигари, а повеќето од нив се поранешни пушачи. Во оваа земја, во 2019 година, речиси 64.000 луѓе починале од последица од пушење.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Зошто маслинките треба да ти станат најдобар сојузник во перименопаузата?

Кој би помислил дека црните маслинки, често занемарени, можат да бидат вистинска суперхран…