Home Актуелно Во Хаг отворен „народен трибунал“ кој ќе се занимава со убиства на новинари ширум светот

Во Хаг отворен „народен трибунал“ кој ќе се занимава со убиства на новинари ширум светот

Група организации за заштита на слободата на медиумите денеска во Хаг го отворија таканаречениот „народен трибунал“ кој ќе се занимава со убиства на новинари ширум светот.

Трибуналот нема статус на суд, односно овластување да ги казнува сторителите, но ќе презентира докази во јавноста со цел да се прошири свеста за нападите врз новинарите, чии сторители често поминуваат неказнети.

Се очекува Трибуналот во мај следната година да ја објави првата проценка за бројот на напади врз новинари ширум светот.

Првото рочиште се одржа на Меѓународниот ден за ставање крај на неказнивоста на злосторствата против новинарите.

Пред трибуналот се појави филипинската новинарка Марија Реса, една од двајцата добитници на овогодишната Нобелова награда за мир. Таа предупреди на ситуацијата на социјалните мрежи, каде што рапидно расте бројот на пораки на омраза што се користат за замолчување на критичките гласови

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…