593 нови случаи на Ковид-19 и 10 починати лица како последица од коронавирусот во последните 24 часа


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Во последните 24 часа направени се 3.391 тестирања, а регистрирани се 593 нови случаи на ковид-19, информира Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје.

Во Скопје има 272 новозаболени, во Куманово и во Прилеп по 39, Битола 38, Велес 27, Кавадарци 25, Кочани 22, Крива Паланка 21, Тетово 20, Штип 15, Кичево 10, Неготино и Пробиштип по 8, Кратово 7, Радовиш и Делчево по 6, Демир Хисар 5, Берово и Валандово по 4, Гостивар и Гевгелија по 3, Струмица и Крушево по двајца и по еден нов случај во Охрид, Струга, Свети Николе, Ресен, Македонски Брод, Македонска Каменица и во Пехчево.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 10 починати лица: четворица се скопјани на возраст од 70, 71, 84 и 85 години, по едно починато лице од Гостивар (77г), Кавадарци (81г), Прилеп (83г), Охрид (81г), Кочани (72г) и Штип (78г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Регистрирани сe 415 оздравени пациенти.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, се пријавени четири починати лица со датум на смрт од 22.10.2021 до 30.10.2021.Регистрирани се по едно починато лице од Свети Николе, Крива Паланка, Прилеп и Штип на возраст од 46 до 87 години,од кои две се починати во болнички услови, а две се починати во домашни услови.

Направени се 3.391 тестови преку: ИЈЗ-294, ЦЈЗ Скопје-71, ЦЈЗ Битола-62, ЦЈЗ Прилеп-59, ЦЈЗ Тетово–63, ЦЈЗ Куманово-62, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-14, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–5, Жан Митрев (Филип Втори)-79, Авицена-147, Биотек-207, Систина-69, лабораторија Лаор-105, Синлаб-16, Ремедика-15, Плодност–45, Генеа-10, Никоб лаб-302, ВФВ Медикал-51, Ели Медика-25, Ројал Медика –7, Спектра-ММ-12, Рапид Лаб – 0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.671.

Досега во земјата се направени вкупно 1.390.369 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 203.298, бројот на оздравени пациенти е 189.264, на починати е 7.159, а бројот на активни случаи изнесува 6.875.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 89039, активни 3414
Куманово 12334, активни 431
Тетово 11045, активни 152
Прилеп 9544, активни 305
Гостивар 8008, активни 24
Битола 7503, активни 279
Велес 6850, активни 329
Кавадарци 6347, активни 258
Штип 6198, активни 209
Охрид 6177, активни 187
Струмица 5915, активни 113
Кичево 4115, активни 80
Струга 3844, активни 44
Кочани 3608, активни 182
Гевгелија 2567, активни 89
Неготино 2404, активни 56
Свети Николе 2024, активни 77
Крива Паланка 1675, активни 151
Радовиш 1607, активни 51
Ресен 1596, активни 50
Дебар 1453, активни 3
Берово 1261, активни 41
Делчево 1176, активни 50
Виница 1094, активни 36
Пробиштип 1035, активни 67
Валандово 862, активни 28
Кратово 657, активни 37
Богданци 586, активни 19
Крушево 551, активни 15
Демир Хисар 499, активни 44
Македонски Брод 478, активни 3
Демир Капија 410, активни 1
Македонска Каменица 362, активни 38
Пехчево 324, активни 5
Дојран 150, активни 7