Медицинските сестри и болничарки од прилепската болница го изразија својот револт: „Девет месеци сме без плата“


Спасе Манев (Патувања низ Македонија): Ги откриваме скриените убавини на Македонија ↓↓↓


Медицински сестри и болничари ангажирани во ковид кризата во прилепската општа болница „Борка Талески”, со работни обврски во модуларната болница и на другите одделенија повеќе од девет месеци не добиваат ниту пари, ниту имаат некаков договор за работа, а најмалку здравствено осигурување. Тие денеска пред Ургентниот центар во болницата излегоа со реакции и бараат одговори од Министерството за здравство.

Според Симона Петреска, ангажирана медицинска сестра, револтот е голем, а имале најава дека ќе им се реши статусот, но досега нема ништо.

„Ние сме револтирани медицински сестри и болничари од прилепската болница. Повикани за работа во ковид-пандемијата, сѐ уште сме без решен статус и без никаков финансиски надомест. Повеќе од осум месеци слушаме само ветувања, а никој нема слух за нашиот проблем. Секојдневно изложени на ризик од зараза со вирусот, без здравствено осигурување, а во моментов една од нас е позитивна. Сестрите пуштени на транспорт е кривично дело, без никој да се запраша дека нашата лиценца може да биде одземена. Сакаме да се обратиме до министерот за здравство, Венко Филипче и да го запрашаме дали е запознат со нашиот случај. Ве замолуваме да ни одговорите за нашата деградација зошто има поделба: на дел од персоналот дадовте договори, а на друг дел не. И не сме повикани како волонтери, доброволци, туку сме повикани за работа. Свесни сме дека може да бидеме избркани од работа“, истакнаа револтирани медицински сестри и болничари.