Home Шоубизнис Еве колку милиони долари проценува Netflix дека ќе им донесе фамозната „Squid Game“

Еве колку милиони долари проценува Netflix дека ќе им донесе фамозната „Squid Game“

Според проценките кои ги прави „Netflix“ серијата „Squid Game“ ќе генерира скоро 900 милиони долари за компанијата, пишува „Bloomberg“.

Јужнокорејската серија досега му донесе на „Netflix“ над 890 милиони долари кога станува збор за вредноста на влијанието.

Ова е метрика според која „Netflix“ ги оценува перформансите или влијанието на нејзините индивидуални емисии, филмови или серии.

Производството на серијата чинело 21,4 милиони долари – околу 2,4 милиони долари по епизода.

Тие бројки се однесуваат на првата сезона, а „Bloomberg“ пишува дека ги пренесува од документацијата на „Netflix“.

„Netflix“ проценува дека 89% од луѓето што започнале да ја гледаат серијата гледале најмалку 75 минути од содржината (повеќе од една епизода), и дека 66% од гледачите, или 87 милиони луѓе, ја завршиле серијата во првите 23 дена од емитувањето. Гледачите поминале повеќе од 1,4 милијарди часа гледајќи ја таа серија.

Инаку, околу 132 милиони луѓе гледале најмалку две минути од серијата во првите 23 дена од емитувањето.

На овој начин, „Squid Game“ го надмина претходниот рекордер на „Netflix“, серијата „Bridgerton“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …