Home Актуелно Кинеската влада планира да воведе казни за родителите чии деца се претерано непослушни

Кинеската влада планира да воведе казни за родителите чии деца се претерано непослушни

Кинескиот парламент ќе расправа за воведување закон за семејно воспитување кој ќе предвидува казнување родители доколку нивните деца се однесуваат „многу лошо“ или извршат криминални дела.

Предлог-законот за унапредување на семејното воспитување предвидува дека ако обвинителството најде форми на многу лошо или криминално однесување кај детето, неговите старатели ќе добијат опомена и обврска да поминат низ програми за семејно воспитување.

Предлог -законот за унапредување на семејното образование, за кој ќе се расправа оваа недела, исто така ги повикува родителите да го организираат времето на своите деца за да можат да се одморат, да си играат и да вежбаат.

Во последните месеци, Министерството за образование воведе ограничувања за времето кога децата играат игри на интернет, дозволувајќи им да го сторат тоа само еден час во петок, сабота и недела.

Министерството, исто така, ги намали домашните задачи и забрани воннаставни активности по главните предмети за време на викендите и празниците, поради тоа што обемот на работа во средните училишта ги исцрпува децата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Меѓу светлината на рефлекторите и темнината на болеста: Емилија Кларк како симбол на храброст

МЕЃУ СВЕТЛИНАТА НА РЕФЛЕКТОРИТЕ И ТЕМНИНАТА НА БОЛЕСТА: ЕМИЛИЈА КЛАРК КАКО СИМБОЛ НА ХРАБР…