Home Актуелно Русија руши рекорди со резервите на злато кои ги трупа

Русија руши рекорди со резервите на злато кои ги трупа

Русија руши рекорди кога станува збор за резервите на злато во планетарни рамки. Русите го урнаа рекордот во количеството на златни резерви кои надминаа 618,2 милијарди долари.

Ова е историски рекорд од основањето на Банката на Русија. Со ова, Русија се рангираше меѓу петте лидери во однос на меѓународните резерви на злато. Пред неа се Кина, Јапонија, Швајцарија и Индија, според податоците на Руската државна институција за ревизија.

Руските резерви на злато се зголемија за 235 милијарди американски долари од почетокот на 2015 година.

Русија неодамна значително го зголеми учеството на златото во своите резерви, од 7,8 проценти на почетокот на 2014 година на 23,3 проценти на крајот од минатата година.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…