Home Вебкафе Ни Миконос, ни Закинтос – овој остров е прогласен за најубав во Европа

Ни Миконос, ни Закинтос – овој остров е прогласен за најубав во Европа

Хрватскиот островски убавец Хвар е прогласен за најдобар и најубав остров во Европа, од читателите на познатото и ценето списание „Конде наст травелер“.

Зад него се грчките острови Миконос, Закинтос, португалскиот Мадеира и италијанскиот остров Искија. Написот истакнува дека Хвар е одлична дестинација преку целата година, особено поради топлите лета и благите зими, посочувајќи ја добро познатата статистика за Хвар – дека ова е најсончевиот остров во Хрватска, со повеќе од 2.800 сончеви часа годишно.

Со вкупна оценка од 96,56 / 100, Хвар е избран и за шести најдобар остров во светски рамки.

Ова светски престижно списание го нагласува и богатото историско наследство на Хвар, истакнувајќи ја тврдината Фортика како споменик на културата кој мора да се посети. Исто така, се истакнува и познатата жетва на хрватска лаванда на Хвар, која станува една од главните особености во летните месеци.

Хвар ја освои титулата најдобар европски остров и во 2019 година.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Една фраза што НИКОГАШ не треба да ја кажете кога некој поминува низ тежок период

Кога некој минува низ тежок период, повеќето луѓе сакаат да помогнат, но често првите збор…