Home Актуелно 15-годишно девојче со тешка клиничка слика почина како последица од Ковид-19 на Инфективна клиника во Скопје

15-годишно девојче со тешка клиничка слика почина како последица од Ковид-19 на Инфективна клиника во Скопје

15-годишно девојче од селото Селце, тетовско, починала денеска на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, соопшти Министерството за здравство со голема жалост.

Пациентката со многу тешка клиничка слика била донесена на Инфективната клиника откако 13 дена претходно била со симптоми на болеста. Пред да биде болнички лекувана, пациентката имала тегоби 10 дена. Според медицинскиот извештај, станува збор за исклучително тежок случај, со развиена тешка форма на болеста, а пациентката била со обезитас, соопшти Министерството.

Како што додаваат оттаму, според епидемиолошката анкета направена со таткото на девојчето, и нејзината мајка починала од ковид-19.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…