Home Живот и здравје Нова пратка вакцини од „АстраЗенека“ денес пристигнува во Македонија – досега ревакцинирани 223.014 граѓани

Нова пратка вакцини од „АстраЗенека“ денес пристигнува во Македонија – досега ревакцинирани 223.014 граѓани

Денеска, во Македонија, ќе пристигне нова пратка на вакцини против Ковид-19 од производителот „АстраЗенека“. Како што информира министерот за здравство Венко Филипче има најава дека в петок ќе стигнат 10.000 вакцини на „Астра Зенека“, донација од Хрватска.

-Во текот на наредната недела се очекува да стигнат и 10.000 вакцини од Русија на „Спутник“. Вакцинацијата денеска се спроведува во сите вакцинални пунктови. Во текот на вчерашниот ден и завчера се вакцинирани околу 12.000 лица, а заклучно со вчера се вакцинирани 330.000 граѓани, изјави  Филипче.

Министерот истакна дека само со масовна вакцинација ќе ја победиме пандемијата.

-Вакцини има во доволна количина и сите се безбедни и ефикасни. Последните информации кои пристигнуваат од Европската агенција за лекови се дека вакцините се ефикасни и за новите соеви што ни влева многу надеж. Прашање на време е кога индискиот сој на вирусот ќе стане доминантен во Европа, затоа е важно што поголем број граѓани да се вакцинираат во овој период на стабилна епидемиолошка состојба. Само заеднички може да се заштитиме и да амортизираме евентуален нов бран наесен, вели Филипче.

Вкупно се аплицирани 557.400 дози вакцини, а ревакцинирани се 223.014 граѓани.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Живот и здравје
Comments are closed.

Check Also

Што се случува со крвниот притисок ако секој ден пиете сок од портокал?

Што се случува со притисокот ако секој ден пиете сок од портокал? Крвниот притисок зависи …