Home Живот и здравје Македонија во алармантна фаза со жештините – препорака трудниците и лицата над 60 години да се ослободат од работа

Македонија во алармантна фаза со жештините – препорака трудниците и лицата над 60 години да се ослободат од работа

Целата територија на нашата држава ќе биде зафатена со температури од портокалова (алертна) фаза во текот на денешниот и утрешниот ден.

Министерството преку соопштение информира за општите мерки кои треба да се почитуваат, односно ослободување од работните обврски на најранливите групи на населението, вклучувајќи ги бремените жени и лицата на возраст над 60 години. Во градинките да не се практикуваат физички активности и да не се изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот.

Додаваат дека единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст на Македонија и Центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран треба да имаат поактивен пристап и да пружат помош на осамени, стари и изнемоштени лица и бездомници.

– Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област, наведуваат од Министерството за труд и социјална политика.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Живот и здравје
Comments are closed.

Check Also

Што се случува со крвниот притисок ако секој ден пиете сок од портокал?

Што се случува со притисокот ако секој ден пиете сок од портокал? Крвниот притисок зависи …