Home Актуелно Петочна временска прогноза

Петочна временска прогноза

Денеска, петок, 14. мај, времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне во планинските региони со услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец, поизразен во западните делови.

Дневните температури ќе достигнат во Скопје 26 Целзиусови степени, Маврово 15, Охрид 20, Битола 24, Крива Паланка 22, Берово 21, Кавадарци 27, Дојран 28.

За утре прогнозата е претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на места пообилни. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Дневните температури ќе се движат од 10 до 23 степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…