Home Актуелно Нови 30 дена притвор за Камчев

Нови 30 дена притвор за Камчев

Орце Камчев доби нов 30-дневен притвор, одлучи Основниот кривичен суд во Скопје по предлог на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Барањето за притвор следува со обвинението што денеска е поднесено за случајот „Плацови на Водно“, во кој вкупно се обвинети 6 лица.

Притвор доби и експремиерот Никола Груевски, кој ќе стапи во сила при негова евентуална достапност за македонските органи.

Од другите обвинети, мајката на Камчев, Ратка Куновска-Камчева доби мерки на претпазливост: одземање на бугарскиот и македонскиот пасош и обврска еднаш неделно да се јавува во судот.

Ненад Јосифовиќ, исто така доби обврска да се јавува во судот.

Сашо Мијалков, пак, веќе се наоѓа во притвор за предметот „Трезор“, каде што неодамна беше осуден на неправосилна казна затвор од 8 години.

Обвинението за „Плацови на Водно“ се однесува на купување и прекривање на вистинскиот сопственик на трите атрактивни парцели на Водно преку фирма од Белизе, како и уште еден плац во центарот на Скопје, два стана во главниот град и две парцели во Крушево.

На сите, според обвинителството, вистински сопственик е експремиерот Никола Груевски, а се купени со пари што тој ги земал од донации во ВМРО-ДПМНЕ.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…