Home Актуелно КЗБ ќе предложи до Владата продолжување на актуелните рестриктивни мерки за уште една недела

КЗБ ќе предложи до Владата продолжување на актуелните рестриктивни мерки за уште една недела

На состанокот кој денес го одржа Комисијата за заразни болести беше одлучено истата да достави предлог до Владата за продолжување на актулените рестриктивните мерки за уште една недела.

Извори од Комисијата за Фактор информираат дека целосно ја следат епидемиолошката состојба и дека има извесно подобрување, но се уште е голем притиското врз болниците. Тоа е главната причина, како што појаснуваат, да предложат продолжување на рестриктивните мерки, односно на полицискуиот час и затворање на угостителските објекти до 27. април.

-Утринава одлучивме да доставиме повторно предлог до Владата, односно до владиниот Кризен штаб, овие мерки кои сега се на сила да опродолжат уште една недела. Практично ќе остамнат на сила истите мерки кои важат до утре, а тоа е забрана за движење на граѓаните после 20 часот до 05 часот изутрина, како и кафулињата, рестораните, кафеаните, сите угостителски објекти да останат затворени. Се предлага и истата мерка, односно забрана на на одржување на семинари, обуки, конференции кои би значеле собирање поголем број луѓе, како и работата на фитнес центрите, вежбалните и така натаму. Значи предлогот е ист за рестриктивните мерки, но наместо до утре бараме да продолжи уште една недела. На ниво на Македонија има некои по0местувања на подобро во однос на епидемиолошката состојба, но, за жал се уште има премногу хоспитализации. Лакувањето трае многу подолго, па од причина што не сакаме да ни се случи целосно блокирање на здравствениот систем ги предлагаме овие рестриктивни мерки, вели за Фактор извор од Комисијата за заразни болести.

Истовремено посочува дека ваквите рестриктивни мерки навистина даваат резултати, а тоа се гледа, како што истакнува, и од постепеното намалување на бројот на новозаразени со корона вирусот на дневна основа.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…