Home Актуелно Филипче: Полицискиот час и рестриктивните мерки ќе се продолжат и после 20 април ако има потреба

Филипче: Полицискиот час и рестриктивните мерки ќе се продолжат и после 20 април ако има потреба

Министерот за здравство Венко Филипче денеска за новинарите изјави дека доколку има потреба по 20 април повторно ќе се продолжат рестриктивните мерки.

„Во зависнот од индикаторите ако има потреба, дефинитивно да“, кажа Филипче.

Тој додаде дека кога ќе стигне поголема количина на вакцини тогаш и ќе се вакцинира, затоа што не сака да го земе редот на некој што има поголем ризик.

„Сите вакцини се безбедни, проверени, каков ќе биде редот со таа вакцина ќе се вакцинирам“, кажа министерот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…