Home Актуелно Путин денес ќе се вакцинира против КОВИД-19 – не открива со која од руските вакцини

Путин денес ќе се вакцинира против КОВИД-19 – не открива со која од руските вакцини

Претседателот на Русија, Владимир Путин, за јавноста изјави дека планира денес да се вакцинира против КОВИД-19, но дека за сите Руси одлуката за вакцинирање е доброволна. Тој не прецизираше со која од трите руски вакцини ќе се вакцинира.

Претседателот на Русија не наведе која од трите регистрирани вакцини има намера да ја прими: „Спутник V“, на институтот „Вектор“ или на институтот „Чумаков“. Тој повтори дека руските вакцини се апсолутно сигурни и безбедни и дека ниеден странски препарат не покажува таков степен на заштита!

Зборувајќи на состанок за руските вакцини против ковид-19, кој беше пренесуван на телевизија, Путин кажа и дека неговата земја потпишала меѓународни договори за снабдување на 7100 милиони луѓе со руската вакцина Спутник V.

Додаде дека од витална важност е да се зголеми производството на вакцината за домашна употреба во Русија, каде досега 4,3 милиони луѓе ги добиле двете потребни дози.

Русија има речиси 4,5 милиони заразени од почетокот на пандемијата на коронавирусот, по што е четврта во светот, а по бројот на умрените е седма со 93.812.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа силна порака до младите девојки

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа важна порака до младите девојки …