Home Актуелно Облачен и студен вторник

Облачен и студен вторник

Денешниот мартовски ден во Македонија носи променливо облачно и студено време, со сончеви периоди. На места ќе има повремен снег, а во југоисточните делови дожд и снег со послаб интензитет. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 0, а максималната од 2 до 9 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со умерен до засилен северен ветер. Повремено ќе има услови за провејување снег. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 5 степени

Според најавата на УХМР,  во следните два дена ќе има повремени локални врнежи, претежно од снег со послаб интензитет. Ќе дува засилен северен ветер, кој локално ќе достигнува брзина над 60 километри на час.

Од четврток ќе има стабилизирање на времето со пораст на дневните температури, додека утринските до крајот на работната недела насекаде ќе бидат под нула.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…