Home Актуелно Македонија ќе купи 54 „Страјкери“ во вредност од 210 милиони долари за потребите на АРМ – за кои потреби?

Македонија ќе купи 54 „Страјкери“ во вредност од 210 милиони долари за потребите на АРМ – за кои потреби?

Продажбата на 54 лесни оклопни возила „Страјкер“ на македонската влада за потребите на АРМ е одобрена од страна на американскиот Стејт Департмент, соопшти Министерството за одбрана.

Набавката на возилата „Страјкер“ е во вредност од 210 милиони долари и е дел од веќе започнатиот повеќегодишен проект за набавка на лесни оклопни возила како главен проект во Долгорочниот план за развој на одбранбените способности за модернизација и опремување на македонската армија во согласност со стандардите на НАТО..

Од Министерството за одбрана велат дека проектот се реализира во соработка со Владата на САД користејќи ја програмата за продажби на странски армии, при што се користат и американски фондови со што учеството на Владата на САД ќе изнесува околу 20-25% од вкупната сума.

„Проектот се реализира како договор ‘Влада со Влада’ со Владата на САД и вклучува набавка од две реномирани компании на воената индустрија на САД и тоа ’Ошкош Дифенс’ и ‘Џенерал Дајнамикс Ленд Системс’. Веќе е во тек набавката на платформата Џеј-Ел-Ти-Ви од компанијата ‘Ошкош Дифенс’ и досега се склучени сите аранжмани за набавка на околу 40 возила од оваа компанија“, велат од МО.

Испораката на возилата „Страјкер“ се очекува да отпочне од 2022 година.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…