Home Актуелно Од „Боинг“ се согласија да платат казна од 6,6 милиони долари заради непочитување на договорот за безбедност

Од „Боинг“ се согласија да платат казна од 6,6 милиони долари заради непочитување на договорот за безбедност

Од Американската Федерална администрација за воздухопловство (ФАА) соопштија дека компанијата „Боинг” се согласила да плати казна во висина од 6,6 милиони американски долари откако регулаторот утврдил дека таа не го испочитувала договорот за безбедност од 2015 година.

Казната вклучува 5,4 милиони американски долари за непочитување на договорот во кој „Боинг” се согласил да ги промени своите внатрешни процеси за да се подобри и да даде приоритет на усогласеноста и 1,21 милиона долари во два други случаи.

-„Боинг” не ги исполни сите свои обврски од договорот за спогодување, врз основа на што ФАА ги вклучи и дополнителните пенали, рече администраторот на ФАА, Стив Диксон.

Компанијата, која во 2015 година плати 12 милиони долари како дел од спогодбата, засега не излезе со коментар на новата казна.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…