Home Шоубизнис “Roomania” на Room 313 – звук „комплициран по својата едноставност“

“Roomania” на Room 313 – звук „комплициран по својата едноставност“

Промотерската асоцијација Room 313 започна со објавување подкасти под името ‘’Roomania’’, на нивниот soundcloud профил.

‘’Ова е идеја и име кое сакавме да го претвориме во настани пред повеќе од една година. Имавме некои почетни организации и пробни изданија во локали, но новонастанатата ситуација не ни дозволи да ја воздигнеме целата организација на еден повисок левел. Новото нормално и зголеменото користење на платформата SoundCloud не натера да почнеме да ја реализираме нашата идеја таму.’’, вели Самарџиски од Room 313.

Се работи за стил кој извира од романската андерграунд сцена и доби големо признание последните години. Овој епски звук не само што го дефинираше својот неверојатен под-жанр, туку и се етаблираше на глобално ниво. Едноставен, а сепак комплициран по својата едноставност, овој звук отвара нови канали на свест за тие што слушаат. Музиката е суптилна и етерична, проследена со скромни ефекти врз суровите звучни тапани и минималистички основни линии. Романските продукции и миксови имаат тенденција да бидат подолги, бидејќи се претпочитува повеќе часовна музика, наместо краток сет со многу високи и ниски падови. Нема големи дропови, но има континуирано и долго “патување” со музиката.

Во првата епизода на серијалот Roomania гостин е DJarto, сo 93 минутен сет. Djarto e ретко активен DJ кој непрекинато следи музички изданија. Неуморен вљубеник на патувањето и често присутен на романските фестивали. Може да се каже дека романските изданија ги има од “прва рака”.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа силна порака до младите девојки

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа важна порака до младите девојки …