Home Актуелно Министерството за здравство денес ќе ја потпише набавката за 200.000 кинески вакцини против коронавирусот

Министерството за здравство денес ќе ја потпише набавката за 200.000 кинески вакцини против коронавирусот

Министерството за здравство денес ќе ја потпише набавката на 200.000 вакцини против коронавирусот од Кина, а дали истите ќе стигнат следната недела останува да видиме.

Министерот Венко Филипче на прес-конференцијата викендов, изнесе подетално објаснување за каква вакцина станува збор.

-Вакцината е добиена на технологија на ослабнување (инактивирање) на целиот вирус, постапка која се користи со децении за добивање на класични вирусни вакцини. Овој тип вакцини има оптимален однос помеѓу безбедноста и ефикасноста, токму поради тоа може да се дава на сите граѓани, без ограничување по било кој основ. Се чуваат на стандарден режим од 2 до 8 степени и тоа од аспект на логистика и дистрибуција, значително ја олеснува нивната примена. Дополнително, вакцините ги добиваме во формулација на претходно наполнет шприц, што ја олеснува и самата апликација на вакцината – изјави министерот.

Оваа вакцина повеќе од 2 месеци веќе се дава во други земји: Кина, Обединети Арапски Емирати, Јужна Америка…, досега се дадени повеќе милиони дози, со потврдена ефикасност над 90% и безбедност во смисла на многу мал процент на несакани реакции.

-За секој граѓанин кој ќе ја прими првата доза, веднаш ќе биде резервирана и втората што треба да ја прими по 21 ден, што значи дека од првата пратка имаме две дози за вакцина и ревакцина за 100.000 лица. Заштита од оваа доза се обезбедува со две дози вакцина – објасни Филипче.

Конкретно за оваа вакцина на Синофарм, термините за вакцинација во ЈЗУ-а ќе бидат на 10 минути, по пациент. ЈЗУ-ата ќе работат во две смени со цел да се постигне што повисока стапка на вакцинација на дневно ниво. Со набавката на вакцината на Синофарм обезбедена е доволна количина за вакцинацина во следните 6 до 7 недели од моментот на започнување на вакцинацијата. Според најавите од Ковакс механизмот и производителот Фајзер, очекуваме во тој период пристигање и на дел од тие обезбедени вакцини, за што здравствениот систем е подготвен за прием, дистрибуција и вакцинација. Министерот Филипче, упати апел до граѓаните во ризичните групи да се вакцинираат во што поголем број како би ги заштитиле од ризик.

Претходно, исто така на прес-конференција, премиерот Зоран Заев истакна дека во нашава земја, вакцините од Синофарм треба да пристигнат меѓу 15 и 20 февруари.

И додека рускиот партнер на соседна Србија денес ќе им испорача 50 000 вакцини, ние не знаеме ни кога точно ќе започне процесот на имунизација во Македонија.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Работи за кои не сте ни свесни сè додека не добиете бебе

Работи за кои не си свесен додека не добиеш бебе Без оглед на сите подготовки, секогаш пос…