Home Актуелно Прво отворено признание на ЕУ за пропуст при набавката на вакцини против коронавирусот

Прво отворено признание на ЕУ за пропуст при набавката на вакцини против коронавирусот

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за прв пат призна дека имало недостатоци на европско ниво во набавката на вакцина против коронавирусот.

„ЕУ ги потцени компликациите што можат да се појават при производството на вакцината“, рече таа во интервју за германски „Зидојче цајтунг“.

Одговарајќи на зголемената критика дека ЕУ е премногу неодлучна во набавката на вакцините, Фон дер Лајан рече дека „една земја може да биде глисер, а ЕУ е повеќе вид на товарен брод“.

„Требаше да им објасниме на луѓето дека сè напредува, но полека и дека може да има проблеми и одложувања во оваа целосно нова постапка. Сепак, потценивме какви компликации можат да се појават“, објасни таа.

Таа потсети дека Европската комисија нарачала до 2,3 милијарди дози вакцини од вкупно шест производители за 27 свои земји членки.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…