Home Актуелно Петочна и викенд временска прогноза

Петочна и викенд временска прогноза

На првиот февруарски петок времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност. Во раните утрински и претпладневни часови по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од нула до 6, а дневната од 14 до 22 Целзиусови степени.

Во Скопје, наутро со појава на магла, која во текот на денот ќе се намали и ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до 1, а дневната ќе достигне до 16 степени. Маврово 14, Охрид 13, Битола и Крива Паланка 16, Кавадарци 18, Берово 15, Дојран 22.

Во деновите од викендот ќе се задржи стабилно и топло време со натпросечни дневни температури што ќе предизвика топење на снежната покривка на планините. По котлините во утринските и раните претпладневни часови ќе има појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Под влијание на влажен бран во понеделник ќе преовладува променливо облачно време со врнежи од дожд, на места поројни проследени со засилен јужен ветер. Повремени локални врнежи од дожд ќе има и во среда.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…