Со присилна наплата ќе им се префрлат парите на оние вработени кои не добиле плати од субвенционираните газди


Спасе Манев (Патувања низ Македонија): Ги откриваме скриените убавини на Македонија ↓↓↓


На повеќе од 300 работодавачи кои до 2 февруари, односно по исплатата на државната помош за исплата на плати, досега не им ги исплатиле парите на своите работници, им се доставени опомени, а по истекот на рокот ќе следи постапка на присилна наплата со блокада на нивните трансакциски сметки и пренос на средствата на сметките на работниците, рече Сања Лукаревска, директорка на УЈП, пренесува „Слободен печат“.

-Станува збор за износ од 16,3 милиони денари, кој што им се должи на 992 вработени, бидејќи управителите не ја исполниле обврската за исплата на плата. Речиси една третина или 78 од претпријатијата се од дејноста трговија на мало. Секој управител треба да знае дека кривично ќе одговара, бидејќи тој стои зад веродостојноста на податоците која ги дава секоја компанија кога аплицира за оваа помош – додаде директорката на УЈП.

Од првиот циклус на исплата на помош за плати, 109 компании за април, мај и јуни не исплатиле и кај нив се извршени контроли заедно со Државниот инспекторат за труд , за што следната недела, ќе има заедничко известување од епилогот.

Инаку, за декември 13.160 работодавачи, добиле 961 милиони денари државна помош за исплата на платите за тој месец.