Home Актуелно Овие компании се најголемите државни загубари

Овие компании се најголемите државни загубари

Со голема потрошувачка, а без заработка. Така некако на кратко може да се опише работата на најголемите државни загубари.

МРТВ – во 2019-та завршила со загуба од над 8 милиони евра, зад неа двете железничарски јавни претпријатија, а традиционални загубари на листата и ЈСП, Водовод и ГТЦ за периодот од 2015- 2019-та, говори анализата на центарот за граѓански комуникации. 30 – најголеми претпријатија основани од државата и од локалната самоуправа, за четири години, приходите ги зголемиле за само 2 %. Оствариле 732 милиони евра, а најдобитни биле МЕПСО и Ј.П. „Државни патишта“. Прихопди од регистрација, патарини, но и огромни кинески кредити, жолчна расправа околу наодите како ова претпријатие успеало годината да ја заврши со над 40 милиони евра добивка.

Освен што учествуваат со 7 % проценти во бруто домашниот производ овие претпријатија даваат плати на повеќе од 22 илјади вработени. За да се врати вложениот капитал потребни се векови.

Вината не е во менаџментот и основачаите на претприајтијата туку во управните и надзорните одбори, вели вицепремирот за економски прашања Фатмир Битиќи, во расправата зошто директорите не се разрешуваат и по 6 месеци од негативните извештаи.

Препораките се: нов закон за државни претпријатија, а владата, пак, со најава за јавно приватно партнерство или пак можеби приватизација на ТЕЦ Осломеј, А.Д. Пошта, ТЕЦ Неготино, М.Ж. Транспорт.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…