Home Актуелно Сончев и студен петок

Сончев и студен петок

Овој јануарски петок времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност и студено. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, особено вдолж Повардарието.

Кон крајот на денот ќе настапи зголемување на облачноста. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 0, а максималната ќе достигне од -2 до 6 Целзиусови степени.

Во Скопје, сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 3 степени. Маврово -4, Охрид 2, Битола -2, Крива Паланка 0, Берово 1, Кавадарци 4, Дојран 6.

За време на викендот и во почетокот на наредната седмица ќе преовладува претежно суво и многу студено време, со дневни температури кои во поголем дел од земјава ќе бидат под нулата. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието засилен северен ветер. Во сабота ќе има локални слаби врнежи од снег.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…