Home Актуелно Дополнителна казна од 500 евра за Груби заради роденденската фотографија направена во зградата од Министерството за политички систем

Дополнителна казна од 500 евра за Груби заради роденденската фотографија направена во зградата од Министерството за политички систем

Откако првично доби казна од 20 евра за неносење маска, вицепремиерот Артан Груби сега доби уште една казна од 500 евра од Државниот инспекторат за труд.

По надзорот во Министерството за политички систем, Инспекторатот утврдил дека министерот Груби го прекршил Законот за заштита на населението од заразни болести затоа што како одговорно лице ја дозволил прославата без маски. Казната мора да ја плати во рок од 8 дена.

Инаку, МВР казни 15 функционери на ДУИ за неносење маска кои беа присутни на роденденската прослава на Али Ахмети . На масата беше и Назим Буши, заменик-министер на МВР, за кого Спасовски кажа дека е казнет и дека затоа сега носи маска.

Од друга страна пак, министерот за здравство, Венко Филипче, рече дека фактот што функционерите на ДУИ јавно рекле дека ќе ја платата казната, покажува дека законот важи за сите.

Инаку, настанот се случи за време на промовирањето на новите канцеларии на Министерството за политички систем на 4-ти јануари, каде интегративците освен што не носеа маски, го славеа и роденденот на партискиот лидер, Ахмети.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…