Home Актуелно Протест на тутунарите пред Влада – незадоволни од откупните цени, го палеа тутунот

Протест на тутунарите пред Влада – незадоволни од откупните цени, го палеа тутунот

Револтирани и незадоволни од, како што велат, ниските откупни цени и лошото ценење на тутунот, тутунарите денес излегоа на протест пред Владата. Тие побараа повторна средба со премиерот.

Велат дека досегашните средби не вродиле со плод и на терен не се почитува договореното. Главното барање што ќе го достават до надлежните е линерано зголемување на субвенциите на 100 денари за килограм предаден тутун во откупните центри. Ова да важи за сите класи и за сите кои предале и допрва ќе го предаваат тутунот.

-Доколку продолжи ова што сега се случува веројатно дека после Велигден ние ќе имаме армија од 120-130.000 сиромашни тутунари бидејќи нивните семејства отприлика бројат толку членови. Луѓе коишто буквално ќе немаат скршен денар за егзистенција. Ќе мораме да купиме уште по едно торбиче и да тргнеме по селата да питачиме, вели Васко Јосифовски од Иницијативниот одбор на тутунари.

-Вишок тутун нема, надворешен тутун има. Полна е Македонија со надворешен тутун и не е точно дека се само 1800 кг. Зашто го увезуваат однадвор, нека ни го дадат ние да го садиме а не тие да внесуваат кој колку сака, вели Џево Асани производител на тутун.

На протестот на тутунарите им се придружија и лозарите од Тиквешијата.

-Бидете сложни не отстапувајте. Ве поддржуваме во сите напори и без разлика кај ќе блокирате и ние ќе блокираме со вас, зошто е оваа мака. Па ние сме најсиромашниот народ – тутунарите и лозарите, вели Златан Стојчев лозар од Тиквешијата.

Ако не се изнајде решение за ниската откупна цена на тутунот производителите најавија нови протести низ целата држава.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…