Home Актуелно Бучковски во прва официјална посета на Бугарија како специјален пратеник на македонската влада

Бучковски во прва официјална посета на Бугарија како специјален пратеник на македонската влада

Специјалниот пратеник на Владата за решавање на недоразбирањата со Софија, Владо Бучковски, денеска ја има неговата прва официјална посета на Бугарија.

Од бугарското МНР соопштија дека вицепремиерот и министер за надворешни работи Екатерина Захариева денеска ќе го прими специјалниот претставник на Република Северна Македонија за Бугарија Владимир Бучковски.

По разговорите, Захариева и Бучковски ќе одржат прес-конференција во Министерството за надворешни работи.

Бучковски, како што јавија бугарските медиуми, за време на посетата на Софија, ќе има средби и со премиерот Бојко Борисов и министерот за одбрана Красимир Каракачанов, а в четврток ќе се сретне и со претседателот Румен Радев.

Универзитетскиот професор и поранешен премиер Бучковски Владата минатата недела го назначи за специјален пратеник во Бугарија.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…