Home Актуелно Го отворија сефот со тајни документи на Хашим Тачи

Го отворија сефот со тајни документи на Хашим Тачи

После само 24 часа од поднесувањето на оставка од страна на бившиот косовски претседател Хашим Тачи, поради обвинението поднесено од Специјалниот суд, се случил обид за грабеж на неговиот сеф. Според Gazetablic.com, станува збор за сеф полн со тајни документи во косовското претседателство.

Поради тоа е најавено дека директорот на Агенцијата за разузнавање на Косово ќе го извести Одборот за безбедносно собрание за овој случај, пренесува Бета. Извори од порталот велат дека во тоа учествувале секретарот на косовското претседателство, Дритон Гаши и службено лице кого го претставил како инспектор на Агенцијата за разузнавање на Косово (КИА).

На 6 ноември, Гаши, наводно, ја информирал советничката Вјоса Османи, која ја врши должноста претседател на Косово, дека ЕУЛЕКС ќе изврши официјален претрес во канцеларијата на поранешниот претседател Тачи, но претставниците на ЕУЛЕКС го негираа тоа.

Потоа заедно со соработници на сегашната в.д. претседателка, влегле во канцеларијата кадешто бил отворен сефот каде се чуваат доверливи документи. Неколку минути подоцна, Османи пристигнала во канцеларијата и побарала објаснување од Гаши, по што сефот во нејзино присуство сепак бил отворен, пренесуваат медиумите.

Секретарот на претседателството на Косово, Дритон Гаши претходно беше директор на КИА, а по неговото депортирање на шест турски државјани, тој беше заменет со поранешниот премиер Рамуш Харадинај. Потоа го назначи за секретар на претседателството.

 

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…