Home Шоубизнис Објавена последната гласовна порака која Марадона ја испратил неколку часа пред смртта

Објавена последната гласовна порака која Марадона ја испратил неколку часа пред смртта

Смртта на фудбалската икона и легенда Диего Армандо Марадона го потресе фудбалскиот свет. Еден од најдобрите играчи на сите времиња почина во својот дом и беше погребан во четвртокот во Буенос Аирес.

Телевизијата „Америка“, ја објави последната гласовна порака која Марадона ја испратил неколку часа пред смртта. Пораката му ја испратил на Марио Баудри, кој е во врска со неговата поранешна сопруга Вероника Охеда.

Марадона и Вероника беа во врска неколку години и заедно го имаат синот Диего Фернандо. Марадона беше многу приврзан со неговиот најмлад син, што го покажува неговата последна порака.

„Здраво, Марио. Овде е Диего. Знам дека ова ќе ти звучи неверојатно, но јас и Веро сме во добри односи и таа ми рече дека е со тебе. Грижи се за неа и особено грижи се за мојот ангел Диего, кого не можам да го споредувам со никого. Погледнете, имам многу деца, но поради ова мало, ќе се борам до крајот“, рекол Марадона.

 

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …