Home Актуелно „Пошта“ ја прифати понудата за соработка на „Халк Банка“ по порпаѓањето на „Еуростандард банка“

„Пошта“ ја прифати понудата за соработка на „Халк Банка“ по порпаѓањето на „Еуростандард банка“

Управниот одбор на АД „Пошта на Северна Македонија“ на вчерашната седница ја прифати конечната понуда за соработка на „Халк банка“ АД Скопје како најповолна, согласно усвоените критериуми за евалуација на понудата.

Како што е објавено на веб страницата на Поштата, рокот за имплементација се два месеца до технички прием на Пошта, т.е имплементација на постојниот систем, кој и досега беше во употреба.

– Упрвниот одбор на Пошта на С. Македонија по добивањето на согласност од Надзорниот одбор и предлага на Владата во својство на Собрание на Друштвото да даде согласност за склучување на договор за соработка помеѓу АД „Пошта на С. Македонија и Халк Банка АД Скопје, стои во соопштението објавено на веб страницата на Поштата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…