Home Актуелно Земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтер рано утрово ја стресе Македонија

Земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтер рано утрово ја стресе Македонија

Земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала ја стресе Македонија утрово во 4.55 часот.

Земјотресот , според Европскиот-медитерански сеизмолошки центар , бил со епицентар на 15 километри од Гостивар , во близина на Леуново.

Силниот потрес е почуствуван на територијата на целата земја , како и во Албанија , Грција , Косово и Црна Гора.

Освен вознемиреност меѓу жителите, особено на Скопје, засега нема пријавено материјална штета.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…