Home Актуелно Временска прогноза за последната октомвриска среда

Временска прогноза за последната октомвриска среда

Денес, 27 октомври, времето во Македонија претпладне ќе биде облачно, по котлините магливо, а попладне променливо облачно со сончеви периоди. Во крајните јужни делови ќе има услови за слаб дожд. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од 2 до 8, а дневната од 13 до 22 Целзиусови степени.

Во Скопје, претпладне облачно и магливо, попладне променливо облачно. Утринската температура ќе се спушти до 7, а дневната ќе достигне до 17 степени. Маврово 13, Охрид 16, Крива Паланка 18, Битола и Берово 17, Кавадарци 19, Дојран 22.

Во четврток времето ќе биде посончево, а во петок и сабота повторно ќе има зголемена облачност со услови за локален дожд во северните и североисточните делови од земјава. Од петок ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено вдолж Повардарието, па дневните температури ќе се намалат за неколку степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…