Home Актуелно Уште еден сончев есенски ден

Уште еден сончев есенски ден

И овој четврток, 22 октомври, во Македонија времето ќе биде претежно сончево, по одделни котлини со слаба утринска магла. На места ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 6, а максималната ќе достигне од 17 до 25 Целзиусови степени.

Во Скопје, претежно сончево, со услови за слаба утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 20 степени. Маврово 17, Охрид и Битола 20, Крива Паланка, Берово и Кавадарци 21, Дојран 25.

До сабота ќе се задржи стабилно време со ниски утрински температури и со услови за утринска магла по одделни котлини. Дневната температура ќе биде во пораст. Во сабота облачноста ќе се зголеми, а од недела ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…