Home Актуелно Без суштински договор на македонско-бугарските историски преговоори

Без суштински договор на македонско-бугарските историски преговоори

Копретседателот на Македонско- бугарската комисија Драги Ѓорѓиев на прес конференција изјави дека е постигнат договор во делот на учебниците , но дека сеуште има многу за да се дојде до суштински договор.

Ѓорѓиев изјави на прес конференцијата дека не е постигнат конкретен договор за Гоце Делчев . Тој по дводневната средба на комисијата рече и дека се надева дека во иднина ќе може да се дојде до поконкретни преговори.

Бугарскиот историчар Ангел Димитров изјави дека преговорите водат политичарите , но дека сега се водела научна дискусија за историјата.

До крајот на годината ќе има уште една средба на Комисијата , најави Димитров , зашто има уште многу елементи за кои што треба да стане збор. Димитров рече и дека е направен чекор напред во врска со празнувањето на 24 мај , Денот на сесловенските просветители , празникот што Бугарија го нарече бугарски.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…