Home Актуелно Во Ќојлија започна со работа новата фабрика за медицински канабис

Во Ќојлија започна со работа новата фабрика за медицински канабис

Денеска, во Ќојлија, општина Петровец, официјално беше отворена фабриката за одгледување канабис за медицински цели. Се работи за Гринфилд инвестиција на компанијата „Њујорк – Скопје холдингс“. Производите на новата фабрика ќе се пласираат на странските и на домашниот пазар.

-Ваквите инвестции влеваат  сигурност отвараат кавлитетни работни места. Компанијата ,,НЈСК Холдинг”  извезува производи до сите континенти во светот.Потребно е да се насочиме кон производство на производи со висока додадена дејност и да фатиме чекор со светските трендовите. Секоја криза е можност за нов почеток, а наша задача е да создадеме услови за инвестиции, додека претпријатијата треба тоа да го искористат. Ние сме за тоа оваа гранка да се равива по европските и светски стандарди. Верувам дека и парламентот е подготвен за такви измени и ќе се овозможи извоз на цвет од канабис за медицински цели, изјави премиерот Зоран Заев, во своето обраќање.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…