Home Актуелно Нов црн рекорд во два дена – 364 евидентирани нови случаи на коронавирус во последните 24 часа

Нов црн рекорд во два дена – 364 евидентирани нови случаи на коронавирус во последните 24 часа

Според најновите статистички податоци за состојбата со коронавирусот во Македонија, кои на денешната прес-конференција ги изнесе Министерот за здравство Венко Филипче,од вчера до денес има 364 новозаразени со Ковид-19.

Тоа е нов рекорд на новозаразени со оглед дека вчера беше 317.

„Вчера имавме најголем број, неколку денови се движи околу 200, вчера 317, денеска 364“, рече Филипче.

Бројката на нови случаи и натаму расте во нашата земја. Повеќе детали околу новите бројки очекуваме наскоро.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…