Поради коронавирусот се менуваат законите за основно и средно образование?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Заради актуелната состојба со коронавирусот која изминативе месеци го затекна глобалното општество, бројот на наставни денови во учебната година може да биде помал од досегашните 180, но не помалку од 100, се вели во предложените измени за кои денеска ќе расправа Собранието.

Собранието денеска ќе расправа за предлог-законите за изменување и дополнување на законите за основно и средно образование, по скратена постапка. Преку законските измени треба да се изврши прилагодување на образовниот процес поради пандемијата со Ковид-19, со цел безбедна настава за сите учесници во процесот.

„Исто како и за Законот за основно, така и за Законот за средно образование замолуваме да се донесе по скратена постапка заради тоа што не е голем обемот на измена. Со него ќе обезбедиме Владата да може да ги утврди деновите, траењето на училишната година и да донесе план и програма по која што ќе може да одвива училишната година, а со тоа да го заштитиме здравјето и на наставниот кадар, и на учениците“, рече министерката за образование, Мила Царовска, при образложувањето на потребата од законски измени.

Според предложените измени, во услови на вонредни околности учебната година може да започне и заврши и во време различно од досега утврденото, за што ќе одлучува Владата. Одлуката на Владата може да се однесува на целата територија на земјата или на нејзин дел. Во услови на вонредни околности (кризна состојба, прогласена епидемија/пандемија, пожари, поплави или други природни непогоди) бројот на наставните денови во учебната година може да биде помал од 180, но не помалку од 100 наставни денови, за што одлучува Владата.

Во услови на вонредни околности во основното училиште може да се организира настава со физичко присуство на учениците или преку далечинско учење, со примена на средства за електронска комуникација. Кога наставата е организирана преку далечинско учење, може да се организира и настава со физичко присуство на учениците, доколку се исполнети условите согласно со протоколите, со закон, со епидемиолошката и друга состојба на подрачјето на општината на која се наоѓа училиштето, согласно со бројот на учениците во паралелката и со просторните и хигиенско- санитарните услови.

Во услови на вонредни околности, наставниот час може да трае пократко, за што одлучува Владата, и таа го утврдува максималниот број на ученици во една паралелка. Во средните училишта ќе може да се организира настава со физичко присуство на учениците или преку далечинско учење. Заради подготовка за безбедна настава во земјава, како што беше најавено, учебната година ќе започне на 1-ви октомври.