Понеделничка временска прогноза


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денес, во Македонија, времето ќе биде сончево со мала, а на југозапад со умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.

Максималните дневни температури ќе достигнат во Скопје 28 Целзиусови степени, Маврово 23, Охрид и Крива Паланка 25, Битола 26, Берово 24, Кавадарци 28, Дојран 29.

И утре ќе имаме сончево време со умерена облачност. Попладне во западните делови ќе има услови за појава на локален дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Дневните температури ќе се движат од 23 до 30 степени.