Home Шоубизнис Погледнете го вториот официјален трејлер за новото продолжение со Џејмс Бонд

Погледнете го вториот официјален трејлер за новото продолжение со Џејмс Бонд

„Мисија која менува сè“, тоа е новитетот кој го дознаваат фановите од трејлерот за филмскиот продолжеток „Нема време да се умре“ со Даниел Крег во главната улога.

Филмот требаше да пристигне во киносалите во април годинава, но поради пандемијата на коронавирус, премиерата беше одложена за ноември.

За филмот е познато и дека мирот на Бонд ќе го наруши неговиот стар пријател Феликс Лејтер од ЦИА, кој ќе побара негова помош. Мисијата за спасување на киднапираниот научник ќе се покаже многу поопасна отколку што се очекувало.

Во филмот ќе го видиме и оскаровецот Рами Малек кој исто така се појавува во трејлерот, како и новата девојка на Бонд, актерката Леа Сејдо.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Двејн Џонсон го тресна Пет Мекафи врз маса по критиките за тимот на Мајами

Двејн Џонсон изведе еден од своите препознатливи кечерски зафати врз Пет Мекафи за време н…